Битка на титаните, време е за полуфиналињата на ЕП, ќе има македонски шарм на теренот во Келн (Фото)

Со дуелот за петтото место помеѓу Унгарија и Словенија, кој ќе биде како предигра за двете полуфиналиња, денеска почнува расплетот и битката за медали на Европското првенство во ракомет за мажи, кое се одржува во Германија.

Од 17.45 часот во Келн, силната и единствена непоразена Франција игра со актуелниот првак Шведска, додека од 20.30 часот домашната Германија ќе проба да ја совлада фаворизираната Данска. Квотите во Sport Life најавуваат финале помеѓу Франција и Данска.

Голем е бројот на игри на кои може да се обложите во Sport Life и да чекате добивка, а и да ви биде поинтересно следењето на мечевите. Има и 28-мина ракометари на кои може да типувате колку голови ќе дадат денеска, а, секако, може да се обложите и кој ќе биде европски првак.

Средбата помеѓу Франција и Шведска ќе ја суди македонската двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, па ова полуфинале ќе има и македонски шарм.

Фото: Kolektiff images

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести