Битката на „орлите“ во Лисабон за Бенфика, Челзи победи во Прага со два шута на голот

Бенфика и Арсенал славеа на домашен терен со по два гола разлика во првите мечеви од четвртфиналето во Лигата на Европа, а на гостински терен славеа Валенсија против Вилјареал и Челзи со Славија Прага.

Битката на „орлите“ во Лисабон ѝ припадна на Бенфика, која ги победи гостите од Ајнтрахт кои имаат ист прекар со 4-2. Жоао Феликс блескаше и постигна хет-трик за домашната екипа, која максимално ја искористи предноста од играч повеќе. Во 20-тата минута Н`Дика беше исклучен, а оттука тргна голеадата на „Луз“.

Феликс трипати се запиша во листата на стрелците, еднаш прецизен беше Дијас, а за надеж на гостите се погрижија Лука Јовиќ, кој е играч на Бенфика на позајмица во Ајнтрахт и Пасиенсија.

Челзи упати само два удари во рамките на голот на Славија во Прага, а и тоа беше доволно за победа од 1-0. Маркос Алонсо погоди во 86-тата минута за голема предност пред реваншот.

Арсенал брзо ги реши сите дилеми околу победникот на првиот дуел со Наполи. Ремзи погоди во 15-тата минута, а Кулибали си постигна автогол во 25-тата минута.

Блескав финиш имаше Валенсија во дуелот со локалниот ривал Вилјареал. Популарните „лилјаци“ постигнаа два гола во судиското продолжение, славеа на гости со 3-1 и се многу блиску до пласман во полуфиналето.

Гонсало Гедеш постигна два гола, првиот во шестата минута, а вториот во 93-тата минута, додека стрелец беше и Даниел Вас во 91-вата минута. Единствениот гол за домаќините го постигна Санти Касорла од пенал по 36 минути игра.

 

- Оглас -

Најнови вести