Битола има нова К-1 ѕвезда – Сунаи Мифтар блескаше во Швајцарија

Битола има нова К-1 ѕвезда на повидок, а Сунаи Мифтар е новата надеж на Македонија во популарниот Ултимејт фајт на популарното шоу во швајцарскиот Волкетсвил.

Во вториот меч во кариерата во популарната дисциплина К-1 во Ултимејт фајт, Мифтар во категоријата до 68 килограми го победи многу поискусниот домашен борец Валдрин Игришта.

„Задоволен сум од начинот на кој успеав да стигнам до победата. Верувам дека задоволна беше и публиката, која нè испрати со аплауз. Им благодарам на сите што ми помогнаа да се појавам на шоуто во Швајцарија, а, секако, се надевам дека ќе има и нови победи“, вели Мифтар.

 

- Оглас -

Најнови вести