Битолчани ја откажаа фан-зоната пред мечот со Татабања

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер изрази длабоко сочувство до семејствата на загинатите во сообраќајната несреќа во Бугарија, каде што животот го загубија десетици македонски државјани, па затоа клубот ја откажа фан-зоната со забавни и спортски активности пред натпреварот со Татабања.

Натпреварот Еурофарм Пелистер – Татабања од Европската лига ќе се одигра со почеток во 18.45 часот.

Тренерот Жељко Бабиќ најавува победа.

„Новиот тренер на Татабања донесе нова енергија, се гледа поголем ангажман кај нив. Трпеливо играат во напад, имаат силна надворешна линија, цврсти се во одбрана, имаат добра контра, добри голмани, организирани се. И ние сме во добар момент, но мерило се резултатите. Во спортот не смее да се преспие ниту еден меч, ќе дадеме максимум за да оствариме победа и да останеме на тој позитивен бран кој ја носи екипата“, вели Бабиќ.

- Оглас -

Најнови вести