Бизарна е причината зошто Северна Кореја го откажа квалификацискиот меч против Јапонија

Натпреварот од квалификациите за пласман на СП 2026 година кој идната недела требаше да се игра во Пјонгјанг е откажан, а причината е навистина бизарна.

Според јапонската новинска агенција Кјодо, Северна Кореја која нема дипломатски односи со Јапонија, одлучила да не го организира натпреварот поради загроженост дека може во земјата да им донесат заразни болести. Тие бараат натпреварот да се игра на неутрален терен, но конечната одлука ќе ја донесе ФИФА.

Северна Кореја и Јапонија се наоѓаат во групата Б за СП 2026 заедно со Сирија и Мјанмар.

 

Северна Кореја последен пат била домаќин на натпревар меѓу репрезентации во 2019 година и мечот се одиграл во Пјонгчанг. Потоа Северна Кореја се повлече од квалификациите за СП 2022 поради пандемихата на коронавирусот.

Ова не е првпат Северна Кореја да одложи фудбалски натпревар годинава. Во февруари во Пјонгчанг требаше да играат женските репрезентации на Северна Кореја и Јапонија, но власите во Пјонгјанг во последен момент го откажаа мечот кој потоа се одигра на неутрален терен во Саудиска Арабија.

- Оглас -

Најнови вести