Откажани два фудбалски натпревари

Во вторник на 26 март фудбалската програма ќе биде пократка за два меча откако од нефудбалски причини беа откажани два дуела.

Северна Кореја требаше да ѝ биде домаќин на Јапонија во квалификациите за Светско првенство, но средбата нема да се одигра како што беше планирано, и тоа поради „непредвидени околности“, објавија од Азиската фудбалска конфедерација. Средбата веројатно ќе биде презакажана за во друг термин, а Северна Кореја ќе биде домаќин на неутрален терен.

Откажан е пријателскиот меч помеѓу Босна и Херцеговина и Израел, кој требаше да се игра во Сараево.

И Босанците и Израелците вчера загубија во баражите за Европско првенство, а една од причините за откажувањето е и „напнатата ситуација“. УЕФА одобрила откажување на овој контролен меч.

- Оглас -

Најнови вести