Дракслер без објаснување среде меч го напушти теренот (Видео)

Германскиот фудбалер Џулијан Дракслер на својот последен меч во дресот на катарскиот Ал-Ахли пред три дена, ги шокира фановите откако самоиницијативно си замина од терен и веќе не се врати.

Од клубот молчат и ова отвори многу шпекулации која е причината за напуштањето на теренот од страна на германскиот репрезентативец.

Некои сметаат дека му е смачено од фудбал и нешто го налутило, други пак велат дека заминал во тоалет, но ако беше така, ќе се вратеше на теренот. Има теорија која е реална, дека се повредил, а не побара замена затоа што тимот веќе имал направено пет замени.

Инаки Дракслер на тој меч влезе во игра на полувреме и даде два гола, но неговиот тим загуби со 2-4.

- Оглас -

Најнови вести