Бизарно, дури сакаше и да продолжи да се бори – Ултимејт фајтер го загуби прстот, го најдоа на најчудното место (Фото)

Бизарен инцидент се случи на Ултимејт фајт претставата во Филаделфија, а 37-годишниот Кетаг Пилев остана без прст во битката со Девин Гудал.

Поранешниот учесник на олимписки игри во борење во слободен стил, Пилев, падна во октагонот, очигледно со огромни болки, но продолжи да се бори. Откако заврши втората рунда му беше укажана помош и беше забележано дека остана без прст.

Потрагата по прстот траеше неколку минути, а беше најден заглавен во ракавицата на Пилев. Чудно е што цела рунда 37-годишниот ММА борец продолжи да се бори против Гудал, а дури потоа забележа дека му фали прст на раката.

„Сакав да продолжам докрај, но судијата не ми дозволи. Ќе го победев Гудал“, изјави Пилев, кој заврши во болница, но за среќа докторите успеаја да му ја санираат повредата и нема да остане без прст на левата рака.

 

- Оглас -

Најнови вести