Бизарно: Лаказет го нападнаа оси, не може да игра против Феенорд

Александр Лаказет, повратникот во Лион, од бизарна причина ќе го пропушти пријателскиот натпревар против Феенорд кој е предвиден за 24 јули.

Клубот организирал тим-билдинг настан, играчите се забавувале на пејнтбол, но дружбата заврши несреќно за Французинот кој се здобил со 10 убоди од оси.  Поголем дел од убодите се на лицето, па не ќе може да се стави на располагање за контролката.

Има отоци, а во слична ситуација се најде и Муса Дембеле, но случајот со него не е толку сериозен.

- Оглас -

Најнови вести