Бизнис-партнерите Роналдо и Лим не се познаваат на „Месталја“

Питер Лим вечерва ќе навива за победа на Валенсија против Јувентус, но и за добар настап на неговиот бизнис-партнер Кристијано Роналдо во дресот на „старата дама“.

На „Месталја“ од 21 часот ќе се игра еден од дерби-мечевите од вториот ден во премиерното коло во Лигата на шампионите, а ќе се сретнат старите пријатели и партнери.

Лим е сопственик на Валенсија, иако од него не се премногу задоволни во таборот на популарните „лилјаци“, особено не навивачите на клубот. Вечерва на некој начин тој ќе има конфликт на интереси, бидејќи против неговиот тим ќе игра Кристијано Роналдо. Играч со кој Лим има договор за маркетишншко застапување на сите права на пазарот на Азија.

Договорот меѓу Лим и Кристијано е потпишан во 2015 година и важи до 2021 година. Милијардерот од Сингапур му беше на гости на Роналдо при потпишувањето на договорот со Јувентус летово, тежок над 100 милиони евра. Ги спојуваат бизнисот и заедничкиот интерес, но вечерва на жешката „Месталја“ барем 90 минути ќе бидат противници.

- Оглас -

Најнови вести