Бјанконерите џентлменски први ја честитаа титулата на Интер, a Милано веќе е обоен во црно-сина боја (видео)

Интер по 11 години пауза повторно застана на тронот на фудбалска Италија, откако денес беше потврдено 19-тото Скудето во нивната историја по ремито од 1-1 меѓу Сасуоло и Аталанта.

Додека во Милано се слави, од Торино стигна првата честитка, токму неодамнешниот фудбалски владетел на Чизмата го честита успехот на Нероаѕурите.

Јувентус преку својот официјален „Твитер“ профил ја честиташе титулата на Интер, иако важи за најголемиот ривал на новиот италијански првак, кој пак ја прекина доминацијата од девет освоени Скудета во низа.

Во меѓувреме и претседателот Андреа Ањели преку социјалните мрежи им честиташе на сопствениците на Интер, а интересно е што градскиот ривал Милан засега молчи и не испраќа честитки.

- Оглас -

Најнови вести