Бјелица даде „четворка“, Редик ја комплетираше лудата завршница во Сакраменто (Видео)

Најинтересните натпревари во НБА лигата рано утрово се одиграа во Сакраменто и Далас, а и на двете средби победија гостите. Кингс губеше со четири поени разлика, но Немања Бјелица погоди тројка од табла под фаул, плус го погоди и слободното фрлање, и го изедначи резултатот. Кога домашните фанови почнаа да слават дека нивниот тим нема да загуби, туку дека се изборил за продолжение, на 1,1 секунда до крајот дојде студен туш. Џеј Џеј Редик даде кош за победа на Пеликаните.

Лука Дончиќ го направи својот десетти трипл-дабл сезонава, но утна тројка за победа во регуларниот дел, и екипата на Шарлот го доби продолжението благодарение на Тери Розиер. Дончиќ во третата и последната четвртина даваше по 10 поени, а во продолжението остана само два, и после мечот призна вина и дека носел некои погрешни одлуки.

Ова се најинтересните моменти од завршницата во Сакраменто:

- Оглас -

Најнови вести