Благодарам на интересот, но убаво ми е во Ајнтрахт

Кевин Трап, голманот на Ајнтрахт Франкфурт, преку „Инстаграм“ се огласи дека одбива да направи трансфер во редовите на Манчестер јунајтед.

Освојувачот на Лигата на Европа од минатата сезона тврди дека посакува да остане во бундеслигашот со кого бележи успеси во изминативе две сезони.

„Точни се шпекулациите кои ме поврзуваа со трансфер во Манчестер јунајтед. Тоа е еден од најголемите клубови во светот и е чест за мене да бидам спомнат во иста реченица. Сепак, вчера ги известив официјалните лица на двата клуба дека останувам во Ајнтрахт. Тука доживеав незаборавни моменти, испишавме историја, а сега имам верба дека ќе го надминеме лошиот старт на сезоната“, напиша Трап.

Инаку, 32-годишниот германски голман се веруваше дека може да биде замената за Давид Де Хеа, односно да му конкурира за место во почетните 11 на искусниот шпански чувар на мрежата.

- Оглас -

Најнови вести