Благодариме капитену: АЕК Ларнака се прости од Иван Тричковски

Кипарскиот АЕК Ларнака официјално соопшти дека на средба меѓу управата и Иван Тричковски било договорено да нема продолжување на соработката, па Македонецот веќе нема да игра за клубот за којшто играше осум и пол години и држи рекорди по број на настапи и постигнати голови.

„Исклучително емотивно тешка одлука беше донесена за исконскиот капитен, со која се означува крај на неговото целосно успешно фудбалско присуство во нашиот тим.

Тој дојде во Ларнака во јануари 2016 година, останатото е историја, напишана со златни букви. Прв по број на настапи во нашата клупска историја, прв стрелец во сите натпреварувања, прв стрелец на нашиот тим во Европа, прв стрелец на сите кипарски тимови во европските натпреварувања. Тој со нашиот тим го прослави освојувањето на Купот и Суперкупот, пласманот во групите од Лигата на Европа и неповторливиот пласман во осминафиналето на Конференциската лига на Европа. Достигнувања кои не можат да не го рангираат во пантеонот на клупската историја.

Посебен фудбалер кој уште од првиот момент кога го облече дресот на нашиот тим ја освои универзалната почит и кај соиграчите и кај противниците. Во ова патување од осум и пол години, тој разви однос на обожавање со нашиот свет и благодарност од навивачите на сите кипарски тимови. Надвор од неговиот неоспорен квалитет како фудбалер, се издвојува и по неговиот одличен карактер. Вистински пример за секој млад фудбалер, за секој млад љубител на спортот.

Го почитуваме сето она што го постигна и неговиот огромен придонес како лидер и би сакале тој да продолжи да биде елитен член на нашето посебно семејство. Поради оваа причина, веќе започнаа разговори тој да заземе функција во клубот доколку тој самиот сака, а ние го задржуваме правото да продолжиме со неговата награда во АЕК АРЕНАТА, пред луѓето кои толку многу го сакаа.

Иван Тричковски, ти благодариме за се…“, објавија од АЕК.

- Оглас -

Најнови вести