Блатер: Инфантино нема храброст, јас би го исфрлил Иран од СП

Поранешниот претседател на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Сеп Блатер изјави дека Иран треба да биде исфрлен од Светското првенство кое почнува на 20 ноември во Катар, пренесува швајцарски „Блик“.

Блатер изјави дека би го исфрлил Иран од Мундијалот во Катара поради нередите кои кои избија во оваа земја по смртта на 22-годишната Махса Амини на 16 септември, откако беше приведена од „полицијата за морал“ поради наводно неправилно носење хиџаб.

„Иран мора да биде исфрлен од Светското првенство. Но, актуелниот претседател на ФИФА, Џани Инфантино нема храброст да го направи тоа. „Да бев јас претседател, Иран сигурно ќе беше исфрлен од Мундијалот во Катар“, изјави Блатер.

Блатер исто така истакна дека доделувањето на организацијата на Светското првенство на Катар е „голема грешка“.

- Оглас -

Најнови вести