Ројс има неверојатна петка – Борусија Дортмунд со шестка во мрежата на имењакот покажа дека е моќна и без Халанд (Видео)

Борусија Дортмунд ја декласираше Борусија Менхенгладбах со 6:0 во дерби мечот од 23. коло во Бундеслигата и остана во трката за титулата со Баерн.

Популарните Милионери и без главната ѕвезда, Ерлинг Халанд покажаа дека имаат одличлен тим и испукаа дури шест гола во мрежата на имењакот од Менхенгладбах.

Марко Ројс постигна два гола, првиот и претпоследниот на мечот, а во меѓувреме погодуваа и Мален, Волф и Моукоко, а по него и Џан од пенал.

Интересно е што Ројс учествуваше при сите голови на домаќините и постигна два гола, зачинети со три асистенции.

Вториот гол на Ројс во победата од 6:0 на Борусија Дортмунд можете да го погледнете ОВДЕ.

 

 

- Оглас -

Најнови вести