Близнаци кои до минатата сезона играа за Баер Леверкузен, се преселија во деветта лига

Близнаците Ларс и Свен Бендер на 32 години ја завршија професионалната кариера. До минатата сезона тие го носеа дресот на Баер Леверкузен, но по честите повреди, решија да престанат со професионално играње и се преселија во аматерски клуб кој се натпреварува во деветтата по ранг лига во Германија.

Браќата Бендер ќе играат за ТСВ Браненбург, клубот во којшто ги направија своите први фудбалски чекори. В недела тие ќе го играат првиот меч за својот омилен клуб, кој го напуштија како деца, пред 22 години.

Ларс има играно и за Минхен 1860, а за репрезентацијата на Германија одигра 19 меча. Свен има седум настапи за Германија, а играл уште и за Минхен 1860 и за Борусија Дортмунд.

- Оглас -

Најнови вести