Близнаците на Дарен Флечер играат за различни репрезентации и се капитени

Во светот на фудбалот се случуваат многу чудни работи, но двајца браќа-близнати да играат за различни репрезентации е навистина раритет. Се работи за близнаци на некогашниот славен играч на Манчестер јунајтед, Дарен Флечер.

Во својата играчка кариера, Флечер го носеше дресот на Шкотска, а во 2007 година ги доби близнаците Џек и Тејлор. Двајцата тинејџери се големи таленти и не случајно се повикани во репрезентација, но интересно е што двајцата се во различни национални бои.

Едниот решил да игра за У17 репрезентацијата на Шкотска, додека другиот ја одбра Англија, родната земја на нивната мајка.

Интересно е дека и Џек и Тејлор ја имаат честа да бидат капитени на репрезентациите на Шкотска и Англија.

- Оглас -

Најнови вести