Блокотехна подобра од Академик за историско финале во БИБЛ

Блокотехна славеше против Академик бултекс со конечни 79:74 во првото полуфинале од фанјал-фор турнирот на БИБЛ лигата кој се одржува во Тирана. Избраниците на Марјан Илиевски се изборија за прво финале во регионалното кошаркарско натпреварување, а подоцна ќе го добијат и противникот во борбата за пехарот, откако ќе се одигра пресметката меѓу Берое и Теута Драч (19:30 часот).

Јасно беше дека гевгеличани ќе имаат тешка задача да стигнат до посакуваното финале, па откако се најдоа во минимална негатива по првиот период со 16:19, Блокотехна додаде гас и ја презеде контролата на резултатот пред почетокот на последните 10 минути. Академик за момент дојде до еден кош негатива, но блокотехна со серијата од 5-0 во клучните моменти се избори за славје.

Младеновиќ ги предводеше гевеличани со 22 поени и седум скока, 18 поени додаде Пен, со еден поен помалку заврши Глигоријевиќ. Кај поразените, најрасположени играчи на паркетот беа Бачев и Витковиќ со по 16 поени.

Екипата од Гевгелија е четврти македонски претставник кој успева да се пласира во финале на БИБЛ, претходно тоа го направија Фени Индустри, Куманово и Работнички, а некогашниот македонски првак од Кавадарци е единствениот тим со титула од ова натпреварување.

- Оглас -

Најнови вести