Блокотехна тргна со победа во БИБЛ-лигата

Блокотехна на домашен терен стартуваше со победа во БИБЛ-лигата, со конечни 89:74 е совладан тимот на Академик бултекс. Избраниците на Марјан Илиески без поголеми проблеми се изборија за премиерниот триумф, контролирајќи го резулатот уште од почетокот на средбата.

Поддршката од трибините добро им дојде на гевгеличани, па уште во воведните минути ја презедоа иницијативата. Во ниту еден момент не им дозволија на гостите да се приближат резултатски или да поведат.

Пред крајот на полувремето, Блокотехна стигна и до најголемата предност од +12 поени до тие моменти, но на паузата гевгеличани мораа да се задоволат со седум поени предност (50:43). Со истото темпо продолжија и во остатокот од средбата, а тројка на Данило Мијатовиќ на 3,16 минути до крајот ги реши сите дилеми на мечот.

Најзаслужен за победата на Блокотехна беше крилниот центар, искусниот Данило Мијатовиќ, кој реализираше високи 37 поени, Младеновиќ додаде 15 поени, а му недостасуваше една асистенција за дабл-дабл учинок. За екипата од Бугарија најефикасен беше Бачев со 21 поен и пет скока.

Во следното коло Блокотехна гостува кај Теута (11-ти декември), а седум дена подоцна пред своја публика ќе го пречека тимот на Башкими.

- Оглас -

Најнови вести