Блокотехна за 10 минути го реши Шкупи

Блокотехна останува максимална по 4.коло во кошаркарската Прва лига на Македонија, откако денес славеше убедливо над тимот на Шкупи со конечни 128:47. Избраниците на Марјан Илиевски бев никакви проблеми се изборија за да го одржат перфектниот старт на сезоната, во првата четвртина постигнаа 43 поени, што воедно значеше и убедлива предност.

На паузата домаќините заминаа со +37 при резултат од 67:31, а екипата од Гевгелија во третиот период им дозволи на кошаркарите на Шкупи да постигнат само шест поени. Веќе на осум минути до крајот, Блокотехна ја премина границата од 100 поени, во моменти кога победата веќе беше заверена.

Најефикасен во составот на Блокотехна беше Младеновиќ кој постигна 18 поени, девет асистенции и седум украдени топки, Глогоријевиќ оствари дабл-дабл учинок со 17 поени и 14 скока, а украде и шест топки,  Цветковски додаде 16 поени. Од редовите на Шкупи немаше кошаркар со двоцифрен број на поени, а најмногу постигнаа Цариќ и Рангелов, по седум.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести