Боатенг го продолжи договорот со Херта до 2023 година и реши да почести 2023 донер кебапи!

Контроверзниот фудбалер Кевин-Принс Боатенг го продолжи договорот со Херта Берлин за уште една сезона и тоа го објави на интересен начин.

Беше снимено видео во кое Боатенг подготвува сендвичи со донер кебапи, рече дека е гладен за победи и ќе почести 2023 донери затоа што договорот му е до 2023 година.

Боатенг, кој е роден во Германија, но за разлика од родениот брат Жером, кој играше за Германија, Кевин-Принс настапуваше за Гана, има носено дрес на 15-тина клубови меѓу кои и Милан и Барселона.

- Оглас -

Најнови вести