Боатенг налета на снег со летни гуми – За среќа, мина неповреден во сообраќајка

Џером Боатенг, стоперот на Баерн Минхен, не успеа навреме да сопре на лизгавиот коловоз и имаше сообраќајка во близина на Минхен, за среќа, без сериозни последици.

Боатенг возел со летни гуми со својот автомобил, кој е од гамата „Мерцедес“, а причината се летните гуми што ги имал на автомобилот во услови на снег.

Штетата е околу 25 илјади евра, но најважно за 31-годишниот играч на Баерн е што мина без повреди.

Џером патувал кон Минхен за да го посети својот син и, за среќа, на автопатот немало други возила во моментот на сообраќајката. Според информациите од германските медиуми, Боатенг со возилото минал на сосема спротивната страна и удрил во банкината.

- Оглас -

Најнови вести