Бобан Николов се враќа во Вардар

Она што неколку дена се најавува, наскоро треба да добие и официјализација, Бобан Николов повторно ќе го облече дресот на скопски Вардар.

Николов си замина во 2018 година, играше за Фехервар, па во Лече, Шериф Тираспол, ФЦСБ и Кишварда, а сега се враќа во Вардар, каде што имаше ѕвездени мигови.

Со 30-годишниот ексрепрезентативец на Македонија (можеби во иднина пак ќе заигра), средниот ред на Вардар значително добива на квалитет. Николов од 1 мај наваму има одиграно само еден меч, па треба да се види во каква физичка форма е, но, секако, неговото присуство ќе биде плус за најтрофејниот македонски клуб.

- Оглас -

Најнови вести