Денеска низ салите во Македонија се играат пет натпревари од првата кошаркарска лига, а за овие мечеви има и одлична понуда во Sport Life, па може да се обложите за поинтересно следење на средбите.
Според квотите, на три меча фаворити се домашните, а на два гостите. Однапред е јасно дека Еуро Никел во Кавадарци ќе го победи Охрид, и дека Работнички ќе слави против Академија ФМП, а кај овие два меча, може да погодувате со колкава разлика ќе победат големите фаворити.
Кожув има само една победа, вечерва би требало да слави против Вардар и да дојде до втората, а голем фаворит на свој терен е и Пелистер кој го пречекува ТФТ. Црно-белите од Тафталиџе имаат само еден пораз сезонава и тоа токму од битолчани во првото коло.
Квотите за кец и двојка се најблиски кај дуелот на Гостивар и Чаир. До минатата сезона, незамисливо би било чаирчани да бидат фаворити, но сега е така, тие се тим со само еден пораз сезонава, имаат четири победи по ред и ќе пробаат да ја продлабочат кризата на гостиварци кои се на 2-4 после шест кола.