Богато продаден дресот со број 9 кој Марадона го носеше само еднаш во кариерата

Диего Армандо Марадона во својата пребогата кариера речиси секогаш носеше дрес со бројот 10, без разлика дали настапуваше за клуб или репрезентација, но еден ден, на 17 февруари 1991 година, на натпреварот против Пиза, тој бројот 10 му го „позајми“ на Џанфранко Ѕола, а самиот ја зеде деветката на Наполи.

Тоа беше време кога на Наполи не му одеше добро, тимот не бележеше добри резултати, кариерата на Марадона тргна во наполна линија.

Навивачите тогаш се чудеа зошто Марадона му ја отстапи десетката на тогаш релативно младиот Ѕола. По завршувањето на таа сезона 1990/1991, Марадона го напушти Наполи, и очигледно беше дека Диего уште во февруари одбрал кој треба да биде негов наследник.

Дресот со кој Наполи играше на тоа гостување во Пиза, не беше син, туку црвен, а деветката на Марадона на аукција е продадена за 15.000 евра.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести