Богдан, Лука и Џеди ќе играат во ист тим

Тројца кошаркари од балканските простори ќе се појават на натпреварот „Ѕвезди во подем“, кој е дел од олстар-викендот во НБА-лигата.

Богдан Богдановиќ и Џеди Осман втора сезона се во НБА, Богдан лани беше и МВП на овој меч на којшто играат дебитанти и „софмори“ (кошаркари кои втора година се во Лигата), а ќе им се придружи и Лука Дончиќ, кој засега е најдобар дебитант во лигата и има реална шанса да се најде и на главниот олстар-меч. Ако игра на главниот олстар, Дончиќ можеби ќе го прескокне овој меч на младите НБА-ѕвезди.

Освен Србинот, Словенецот и Турчинот кој е роден во Охрид, во тимот на светот ќе бидат и Ануноби, Ајтон, Џилџиус Александер, Куручс, Марканен, Окоги и Симонс. Во тимот на САД ќе се најдат Ален, Багли, Бол, Колинс, Фокс, Џексон џуниор, Кузма, Мичел, Тејтум и Јанг.

Мечот на „Ѕвездите во подем“ ќе се одржи на 15-ти февруари во Шарлот. Во ваков формат, мечот ќе се игра по петти пат, а досега резултатот е 3-1 за светот.

- Оглас -

Најнови вести