Богдан се распука со личен рекорд од осум тројки, играч на Шарлот имаше забивање на сезоната (Видео)

Атланта хокс го победи Шарлот хорнетс со 105-101 во првиот меч од НБА-лигата, која се играше вечерва, а средбата мина во знак на тројкашкото шоу на Богдан Богдановиќ и спектакуларното забивање на Мајлс Бриџис преку еден од најдобрите дефанзивци во лигата, Клинт Капела.

Српскиот бек Богдановиќ ги изрешета Стршните, постигна 32 поени и за првпат откако е во НБА, погоди осум тројки на еден меч, па беше творец на триумфот на Јастребите.

На Хорнетс за утеха им останува можеби најатрактивното забивање сезонава:

https://twitter.com/i/status/1381326527175004164

- Оглас -

Најнови вести