Бојан брзо стана омилен играч во Абердин, навивачите го фалат, тој пукна цела петарда во пет кола

Навивачите на Абердин се во транс и имаат нов миленик, а тоа е македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, кој денеска за нешто повеќе од еден час игра постигна два гола против Ливингстон.

Со двата гола, првиот од пенал во 41. минута и потоа од игра во 63. минута, македонскиот репрезентативец веќе има пет гола во пет кола за Абердин ие прв стрелец во Шкотска.

Абердин во финишот на мечот води со 4:0 против Ливингстон, а навивачите си имаат нов милен фудбалер.

https://twitter.com/vegandons/status/1563548087091507200?s=20&t=v0gmAa6zYNk44ux9-Vr3ag

Покрај двата гола и одличните игри на првиот стрелец во шкотската лига, навивачите на бердин истакнаа и дека Миовски воошто не е себичен и не го шутираше и вториот пенал за Абердин, туку му остави на Бесижен да погоди од белата точка во 62. минута.

 

- Оглас -

Најнови вести