Бојан Трајковски направи трипл-дабл во победата на Феникс над Работнички

Победата на Феникс 2010 над Работнички од 87-79 е најголемото изненадување на денешните мечеви од првата кошаркарска лига на Македонија.

Ветеранот Бојан Трајковски кој во минатото повеќе сезони го има носено дресот на Работнички, против Црвено-белите од „Градски парк“ имаше трипл-дабл од 12 поени, 13 скока и 10 асистенции. Шест играчи на Феникс имаа двоцифрен број на поени, па ова беше тимска победа. Сега и Работнички и Феникс после десет меча имаат по 6-4.

Денеска убедливо победија и МЗТ Скопје против Вардар со 93-59, Пелистер против Академија ФМП со 112-87, ТФТ против Охрид со 93-75, и Кожув кој го разби Гостивар со 102-67.

- Оглас -

Најнови вести