Бока го освои Суперкупот на Аргентина (Видео)

Бока јуниорс дојде до својот 68-ми трофеј во клупската историја откако го освои Суперкупот на Аргентина. Екипата од Буенос Аирес, со првакот Росарио водеа жестока борба, но по 90-те минути игра немаше голови. Во пенал-серијата, првите пет пенали ги реализираа и едните и другите, а одлуката падна во шестата серија.

Ринаудо утна за тимот од родниот град на Лионел Меси, шутот му го одбрани Андрада, а Искиердос им донесе голема радост на играчите и навивачите на Бока. За Бока ова е прва голема радост по загубеното финале на Копа Либертадорес од ривалот Ривер плејт во Мадрид.

Погледнете ги двата клучни пенали:

 

- Оглас -

Најнови вести