Боксер стана најплатениот спортист во светот

Боксерот Саул Алварес, или познат како Канело, потпиша петгодишен договор со ДАЗН, сервис за интернет-пренос на спортски настани. Договорот има вредност од 365 милиони долари, а ДАЗН ќе ги емитува неговите 11 следни борби, почнувајќи од закажаната пресметка за декември, против Роки Филдинг.

Алварес е повеќекратен шампион во неколку категории, почнувајќи од лесна, па до супер-средна категорија, а се борел на 53 меча од кои победил на 50, 34 од нив ги победил со нокаут.

Дваесет и осумгодишниот Мексиканец веќе се наметна во боксерската историја, а со овој договор се погрижи неговото име да остане запаметено. Телевизиската компанија „ХБО“ одлучи да не ја продолжи соработката со него, па тој си најде уште подобар партнер, односно сервис кој ќе ги емитува неговите борби дури до 2023 година.

Борбата против Филдинг, закажана за 15-ти декември, ќе биде првиот пренос по потпишувањето на договорот.

- Оглас -

Најнови вести