Бол Бол „ептен се израдува“ кога го драфтуваа (Видео)

Реакцијата на центарот Бол Бол кога го прочитаа неговото име како 44-ти играч драфтуван во НБА, покажува дека тој воопшто не беше среќен, што може да се види на снимките.

Бол кој е син на сенегалската легенда Мануте Бол (втор највисок играч што некогаш настапил во НБА), како играч на Универзитетот Орегон имаше просек од 21 поени, 9,6 скока и 2,7 блокади по меч, а одигра девет средби, и го најавуваа како еден од потенцијалните пет пика. Но, се повреди, па НБА клубовите го заобиколија. Конечно беше драфтуван како дури 44-ти, и тоа од Мајами хит, а Бол ќе игра за Денвер нагетс како резерва на Никола Јокиќ.

„На сите сакам да докажам дека грешат, и ќе се трудам да бидам најдобар што можам. Иако сум висок, се знае дека имам добар шут, и можам да му помогнам на Нагетс, каде ќе имам простор за напредок“ – рече разочараниот 19-годишен центар висок 218 сантиметри.

Аналитичарите сметаат дека тој е еден од најголемите губитници на драфтот, но доколку му тргне во НБА, може да стане и една од најголемите „кражби“ на овој драфт. Низ историјата, имал случаи кога играчи кои биле 55-ти пикови, кои станале ол-стари и големи ѕвезди.

Погледнете како изгледаше Бол кога дозна дека е дури 44-ти пик:

- Оглас -

Најнови вести