Болен прв пораз за Филиповски – Црвена ѕвезда во баскет-драма го победи Партизан во вечното дерби (Видео)

Сашо Филиповски го претрпе првиот пораз како тренер на Партизан, а вечерва вечниот ривал Црвена ѕвезда славеше во драматичен меч со 86:85.

Милер Мекинтаер го промаши последниот напад за победа на Партизан, па големиот ривал победи со пола кош-разлика.

Филиповски беше непоразен на досегашните четири меча како предводник на поранешниот европски првак, а секогаш поразите од вечниот ривал Црвена ѕвезда се болни за Партизан и обратно.

https://twitter.com/ABA_League/status/1330971967940407298?s=20

Првото полувреме што го добија „црвено-белите“ со 50:40 не најави драма. Партизан се обиде да направи пресврт, стигна до последен напад за победа, но не успеа. Акцијата за триумф ја прокоцкаа со лош избор и непрецизен шут, па Црвена ѕвезда остана единствениот непоразен тим во АБА-лигата со 8 победи на 8 меча.

 

- Оглас -

Најнови вести