Боли ја гради иднината – Челзи го договори талентираниот капитен на Интер

Чезаре Касадеи ќе биде следното засилување на Челзи откако е постигнат договор со Интер за трансферот на талентираниот играч за врска. Сумата за која Касадеи ќе се пресели во Лондон изнесува 15 милиони евра, со дополнителни пет милиони евра во бонуси, а на „Стемфорд бриџ“ го чека шестгодишен договор.

Сините летово доста се потрошија за Рахим Стерлинг, Калиду Кулибали и Марк Кукурелја, но се далеку од готови со шопингот бидејќи планирани се уште најмалку две скапи засилувања. Во меѓувреме купија и тројца талентирани играчи помлади од 20 години, како Омари Хачинсон, Карни Чуквуемека и американскиот голман Гага Слонина.

Инаку, Касадеи има 19 години и досега нема забележано сениорски настап за Нераѕурите и покрај тоа што е високо ценет во клубот. Минатата сезона како капитен на младинскиот тим на Интер, Касадеи одигра 40 меча, во кои забележа учинок од 17 гола и 5 асиснтеции, освојувајќи младинската Серија А.

- Оглас -

Најнови вести