Болниот Паун го одложи романското дерби

Дербито во романското првенство меѓу актуелниот првак Клуж и најтрофејниот романски тим Стеауа, или како што сега се нарекува ФЦСБ е одложено поради позитивниот тест на Адријан Паун.

Фудбалерот на Клуж утрово почуствувал замор и имал покачена температура што било аларм за зараза од Ковид-19. Веднаш бил тестиран и наодот му е позитивен, по што мечот што требаше да се игра вечерва во Букурешт е одложен.

Ова не е прв ваков случај од рестартот на романското првенство, да има фудбалери заразени со Коронавирус. Претходно и Ботошани, клубот за кој играат двајцата поранешни македонски репрезентативци Стефан Ашковски и Давид Бабунски одложи меч против Универзитатеа Крајова поради неколкумина заразени играчи и членови на клубот со Ковид-19.

Истото се случи и во лигата за опстанок, па поради шестмина заразени во таборот на Динамо Букурешт беше одлоѓен нивниот меч со Чиндија Трговиште.

- Оглас -

Најнови вести