Болоња и Џенова 12-ти пат во низа одиграа меч со само два гола

Болоња и Џенова ремизираа при конечни 1-1 во мечот од 23-тото коло во Серија А, а тоа е 12 пат во низа овие две екипи да одиграат натпревар на кој не се видоа повеќе од два погодоци. Последен пат кога „паднаа“ повеќе од два гола во меѓусебна пресметка на овие две екипи, беше бо април 2012 година, а таа средба болоња ја доби со 3-2.

Домаќините веруваа во ново славје по изненадувачката победа над Интер во претходното коло, но за три бода пропуштија бројни шанси во последните минути од средбата. Водечкиот гол за Болоња го постигна Дестро во 17-тата минута, додека за во 33-тата минута Лерагер израмни и го постави конечниот резултат.

Данило имаше две одлични шанси за помалку од една минута во завршните моменти, но едниот обид заврши во гредата, додека Раду му го одбрани вториот удар.

Прандели одново го остави македонскиот капитен Горан Пандев на клупа, па Џенова со седмото реми сега е на 13-тото место со 25 бода. Откако Михајловиќ застана на клупата на Болоња, екипата по само два меча излезе од зоната за испаѓање, ова реми беше доволно за тоа, па сега со 18 бода се на 17-тото место.

- Оглас -

Најнови вести