Болоња ја доближи Парма до Серија Б

Болоња освои три клучни бода во битката за опстанок и најверојатно си ги реши сите дилеми, а Парма по поразот од 1-4 ќе стравува во последните две кола. Еве и еден податок кој ќе ги интересира прогнозерите кои се потпираат на статистиката: последните 18 гола на Болоња се постигнати во вторите полувремиња.

Орзолини и Пулгар од слободен удар (може ќе биде запишан и како автогол на голманот Сепе) беа стрелци на головите во првите 15 минути од второто полувреме и ја најавија оваа победа на Болоња, по која на тимот му треба само уште еден бод во последните две кола за опстанок во Серија А. Третиот гол падна во 73-тата минута, реализатор беше Лијанко, на 3-1 намали Инглезе, а конечните 4-1 го постави Сиералта со автогол.

За Парма, која мечот го заврши со 10-мина играчи по црвениот картон на Бруно Алвеш во 62-рата минута, заврши серијата од пет ремија по ред. Овој тим не знае за победа од 9 март наваму и сега е само на три бода плус од Емполи, кој е во опасната зона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести