Болоња ќе ја продолжи серијата без пораз, време е за победа на Армани Милано

1037 Бароу – Моркомб (20.45 часот)

Бароу нема пораз во последните пет меча во англиската Лига 2 и ја има фаворитската улога против тимот кој се наоѓа во победнички ритам. Моркомб има четири победи по ред во Лига 2 и е последен тим кој го совлада Бароу (3:1 во ЕФЛ купот). Овие два тима досега имаат одиграно само четири меча меѓу себе и на ниту еден немало повеќе од четири гола (2:0,0:1,1:2,1:3).

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.60)

 

3622 Болоња – Верона (21.00 часот)

Болоња е тим кој игра фантастично и ја има најдолга серија без пораз во Серија А и вечерва е фаворит против Верона во Купот на Италија. Последниот пораз Болоња го доживеа уште во август, додека Верона нанижа три порази во низа. Иако ова е натпревар од Купот на Италија, Болоња е поблиску до победата. На последните три меча кои ги играше на домашен терен, Болоња двапати ја совлада Верона, и тоа со идентични 1:0.

Предлог тип: 1Х & 0-2 (2.25)

 

5606 Ал-Наср – Ел-Етифак (15.45 часот)

Ал-Наср и Ал-Етифак денеска го играат осминафиналниот дуел во саудискиот Кралски куп и фаворит за триумф е домаќинот. Триото во нападот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо, Садио Мане и Талиска (25 гола заедно), се страв и трепет за голманите во саудиската лига и за очекување е денеска тоа да го потврдат против тимот кој го тренира легендарниот капитен на Ливерпул, Стивен Џерард. Последен пат кога играа во Кралскиот куп во 2021 година, Ал-Наср славеше со 1:0, но овојпат за очекување е Роналдо, Мане и Талиска да бидат во елемент и да дојдат до поубедлив триумф.

Предлог тип: 1 & 1+ I & 1+ II (1.97)

 

8005 Олимпија Милано – Макаби Т.А. (20.30 часот)

Италијанскиот тим пред почетокот на сезоната го имаше најзвучниот трансфер, го донесе Никола Миротиќ, кој во последен момент се премисли и не потпиша за Партизан. Но, Армани Милано, спротивно на очекувањата на навивачите и експертите, лошо ја започна сезоната во Евролигата и во првите четири кола дури трипати беше поразен. Вечерва „манекените“ играат против Макаби Тел Авив и време е конечно да ги израдуваат навивачите. Израелскиот тим пак игра топло-ладно, еднаш победува, а потоа губи. Минатата сезона Макаби двапати славеше, но се очекува вечерва Миротиќ да го носи својот тим кон победата.

Предлог тип: 1 & > 157.50 (2.80)

 

1325 Лорка  – Еибар (21.00 часот)

Еибар се наоѓа во фантастична форма, на последните осум меча во шпанската втора лига дури седумпати победи и еднаш одигра нерешено и вечерва е голем фаворит за триумф во дуелот од шпанскиот Кралски куп против нисколигашот Лорка Депортива. Натпреварите на Еибар се вистинско уживање за навивачите бидејќи се постигнуваат најмалку по три гола. И натпреварите на Лорка Депортива се ефикасни, на последните пет меча само на еден биле постигнати помалку од два гола.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.94)

- Оглас -

Најнови вести