Болт ja предизвика НФЛ ѕвездата, а влогот е олимпиското злато и прстенот од Супер болот

Најбрзиот човек на сите времиња Јусејн Болт е подготвен како влог да стави едно од своите олимписки злата, на трка против НФЛ ѕвездата Тирек Хил. Надворешниот примач на Канзас сити, важи за еден од најбрзите играчи во американскиот фудбал, а Болт му „фрли ракавица“ да се тркаат на 70 метри.

Хил е најбрзиот во НФЛ на 40 јарди, а Болт е светски рекордер на 100 метри, па затоа патеката на која би се тркале би била 70 метри, за да може двајцата да имаат подеднакви услови.

„Тоа би било голема работа, но не верувам дека Хил ќе се појави на стартот“, беше провокацијата на Болд.

Хил возврати на Болт. „Стар е и готов е. Нема ни да ме види на трка од 40 јарди“, возврати Хил кој го држи рекордот на оваа кратка патека со 4,29 секунди.

Болт го прифати предизвикот, посебно поради тоа што пред две години на оваа патека истрча подобро време од Хил. „Во папучи истрчав 4,22 секунди . Нема шанси со мене“, беше одговорот на Болт, кој е светски рекордер на 100 метри со време од 9,58 секунди. Болт е рекордер и на 200 метри со време од 19,19 секунди.

Хил во средношколските денови трчал со време од 10,19 секунди на 100 метри, а патеката од 200 метри ја има истрчано за 20,14 секунди.

 

- Оглас -

Најнови вести