Трката за Големата награда на Каталонија во МотоГП беше прекината по тежок инцидент што се случи на патеката „Барселона-Каталуња“ во Монмело.
Во драматичниот судир учествуваа неколку водечки возачи, а најлошо мина Алекс Маркес од тимот на Дукати-Гресини. Шпанецот во борбата за првата позиција налета на задниот дел од моторот на Педро Акоста од КТМ, по што дојде до сериозен контакт.
Ударот предизвика механички проблем кај моторот на Акоста, додека Маркес со голема брзина излета во чакалот и доживеа тежок пад. Неговиот мотор неколкупати се преврте по патеката, а делови од него завршија и кај останатите возачи.
🚨🇪🇸🏍️ ALERTE INFO | Énorme CRASH impliquant Alex Márquez en course au Moto GP de Barcelone.
— Cerfia (@CerfiaFR) May 17, 2026
La course a été interrompue et le drapeau rouge a été brandi. pic.twitter.com/EQsbu3VTrC
Во инцидентот настрада и Фабио ди Џанантонио од Дукати-ВР46, кој падна откако го удри целосно уништено тркало од моторот на Маркес.
Организаторите веднаш ја прекинаа трката за да се исчисти патеката и да се овозможи безбедно продолжение.
Акоста, и покрај дупнатата задна гума, успеа да се врати до боксот со помош на двајца возачи на Јамаха-Прамак, кои го следеа за да спречат нов пад.
Французинот Јоан Зарко, пак, очигледно беше погоден од делови што летале по патеката, бидејќи видливо поткривнуваше кога се симна од моторот.
Алекс Маркес бил свесен кога медицинскиот тим пристигнал на местото на несреќата, по што веднаш бил пренесен во болница на дополнителни прегледи.

