Бруно Фернандеш стана рекордер, а Каземиро се збогува од „Олд Трафорд“ во триумфот на Јунајтед (Видео)

Манчестер јунајтед стигна до нов триумф во Премиер лигата, откако на „Олд Трафорд“ го совлада Нотингем Форест со 3-2 во претпоследното коло од сезоната.

Пред почетокот на натпреварот во центарот на вниманието беше Каземиро, кој доби емотивно збогување од навивачите, бидејќи ова беше негов последен настап на домашен терен во дресот на Црвените ѓаволи.

Домаќините одлично го отворија мечот и поведоа уште во петтата минута. По една одбиена топка, Лука Шо се најде на вистинското место и со прецизен удар со левата нога ја смести топката во долниот десен агол за 1-0.

Нотингем Форест потоа се обиде да возврати преку Гибс-Вајт, но голманот Ламенс одлично интервенираше. Во продолжението од акцијата, Манчестер тргна во контранапад, Ембуемо го мина противничкиот голман, но наместо гол ја погоди стативата.

Гостите заканија и преку Домингез, додека на спротивната страна се обиде и Мартинез, но резултатот остана непроменет до паузата.

Само што започна второто полувреме, Ембуемо повторно имаше одлична можност, а казната стигна во 53-тата минута кога Нотингем израмни. Андерсон испрати употреблив центаршут, а Морато најдобро се снајде пред голот за 1-1.

Сепак, радоста на гостите траеше кратко. Само две минути подоцна Манчестер повторно поведе. Ембуемо не успеа најдобро да реагира, но топката стигна до Куња кој без проблеми погоди за 2-1.

Во 64-тата минута Ембуемо повторно пропушти голема шанса во ситуација „еден на еден“, но конечно се запиша меѓу стрелците во 76-тата минута. Бруно Фернандеш испрати одличен центаршут, а напаѓачот со прецизен допир ја затресе мрежата за 3-1. Тоа беше 20-тата асистенција на Бруно Фернандеш во сезоната, со што го израмни рекордот на Тиери Анри и на Кевин де Бројне.

Нотингем не се предаде и само две минути подоцна повторно се врати во игра. Андерсон уште еднаш асистираше од десната страна, а Гибс-Вајт реализираше за 3-2.

До крајот Манчестер можеше и до четврти гол преку Патрик Доргу, додека гостите се заканија преку Авонији, но резултатот остана непроменет и бодовите останаа на „Олд Трафорд“.

- Оглас -

Најнови вести