„Бомба“ – Меси потпиша за Дижон, ќе го носи дресот со број 9

Меси е нов член на Дижон, но не станува збор за оној аргентинскиот Меси кој сите го знаат.

Младиот фудбалер Рајан Меси, кој има само 12 години, потпиша договор со француски Дижон, а од клубот му направија чест, па тој со родителите, директорот на тренинг-центарот и тренерот за напаѓачи се сликаше со дрес на кое го пишува неговото славно презиме, со бројот 9 на грбот.

Малиот Меси е роден во 2007 година и доаѓа од Версај 78. Од Дижон го искористија презимето на Рајан да се пофалат дека потпишале договор со Меси, па станаа хит на социјалните мрежи.

- Оглас -

Најнови вести