Бомба од Англија: Кристијано Роналдо ќе биде идниот менаџер на Манчестер јунајтед!

По испаѓањето на Манчестер јунајтед од Лига купот, повторно се спомнува можно заминување на Оле Гунар Солскјер од позицијата менаџер на Црвените ѓаволи, а интересно е што за негов наследник се спомнува Кристијано Роналдо.

Некогашниот играч и тренер на Тотенхем, Тим Шервуд, изјави дека Португалецот најмногу за 18 месеци ќе почне тренерска кариера, и тоа во неговиот сегашен тим.

„Го гледам Роналдо како тренер на Јунајтед. Тоа ќе се случи најмногу за 18 месеци. Ако Јунајтед ги освои Премиер лигата, Лигата на шампионите, и ФА купот, Солскјер веројатно ќе остане. Но, ако тоа не се случи, мислам дека ќе има нов тренер“, рече Шервуд.

Кристијано на мечот со Јанг бојс стоеше покрај Солскјер и му даваше совети на тимот. Претходно нешто слично се случи и во финалето на Европското првенство во 2016 година.

- Оглас -

Најнови вести