Бомба од Италија: Интер сака да го продаде Икарди во Јувентус

Напаѓачот на Интер, Мауро Икарди од следната сезона ќе го носи дресот на шампионот Јувентус, тврди познатиот италијански новинар Танкреди Палмери. Според пишувањата во „Тутоспорт“, Интер му го понудил Икарди на најтрофејниот италијански клуб и работата веќе е речиси завршена.

Икарди веќе пет и пол години е во Интер и досега даде 122 голови, потврдувајќи го својот талент. Сепак, во последно време работите во таборот на „нераѕурите“ се влошија. Челниците на Интер најпрво му ја одзедоа капитенската лента, а сега Икарди веќе неколку меча не е на терен. Официјалната причина за неговото отсуство е дека е повреден, но јасно е дека Икарди веќе го одигра своето во Интер и ќе мора да бара нов клуб.

Пишувањата во Италија се дека за Икарди се бореле Наполи Јувентус, но Интер решил да го продаде во гигантот од Торино. Претседателот на Наполи, Аурелио де Ларуентис, на Икарди му понудил девет милиони годишна плата, плус два милиони евра бонуси, но од Интер се решиле да го дадат во Јувентус.

Спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратици, се договорил со челниците на Интер, а и самиот Икарди прифатил да се пресели во Торино. Засега не е позната сумата која Јувентус ќе ја плати за овој трансфер на Икарди, но се верува дека „старата дама“ ќе одвои 110 милиони евра, колку што изнесува откупната клаузула во договорот на аргентинскиот напаѓач со Интер.

- Оглас -

Најнови вести