„Бомба“ од Шпанија: Марадона ќе го наследи Луис Енрике на селекторското место?!

Неверојатна информација се појави во еден шпански медиум и потоа веста брзо се прошири низ светот, а тоа е дека Диего Марадона би можело да биде нов селектор на националниот тим на Шпанија. Во моментов Марадона е тренер на аргентинскиот прволигаш Гимназија Ла Плата, додека на кормилото на Црвената фурија е Луис Енрике.

Сепак, за ова да се оствари, потребно е да се исполни еден услов, нов претседател на Шпанската фудбалска федерација да стане кандидатот Антонио Торес. Ако Торес победи на изборите, вети дека ќе го донесе Марадона на селекторската функција. Торес, кој е поранешен фудбалер и судија, рече дека со Марадона како селектор, целта на Шпанија ќе биде финале на СП во Катар 2022 година.

Откако Икер Касилјас се откажа од трката за претседател на Федерацијата, битката ќе биде помеѓу каталонецот Торес и актуелниот предводник Луис Рубијалес. Изборите ќе бидат во крајот на август или септември.

Марадона, кој има 59 години и важи за еден од најдобрите фудбалери во историјата, има искуство како селектор, ја водеше Аргентина на Мундијалот во 2010 година, каде што Гаучосите испаднаа во четвртфиналето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести