Португалските медиуми најавија вистинска „бомба“. Според нивните информации, поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, е главен кандидат да го наследи Жозе Мурињо на клупата на Бенфика.
Ваквиот потег би бил вистински шок за фудбалската јавност, ако се знае големото ривалство меѓу Спортинг Лисабон – каде што Аморим направи сериозни успеси – и Бенфика.
„Орлите“ во моментов заостануваат зад Спортинг Лисабон и Порто во трката за титулата, па не е исклучена тренерска смена по крајот на сезоната.
Интересно, Аморим како играч помина значаен дел од кариерата токму во Бенфика, каде запиша 154 настапи, но најголемите тренерски успеси ги постигна токму со нивниот најголем ривал – Спортинг.
Интерес за Португалецот има и од бразилскиот Васко де Гама.

