Бомба во Турција – Фалкао ќе потпише за Галатасарај!

Навивачите на Галатасарај се во еуфорично исчекување на мегатрансферот кој го најави еден познат турски фудбалски менаџер. Фатих Илек, кој е познат менаџер во Турција, на својот профил на „Инстаграм“ откри дека „се крчка“ договор помеѓу Галатасарај и напаѓачот Радамел Фалкао.

Колумбиецот, кој има 32 години, сезонава настапува за Монако, но откако тимот испадна од Лигата на шампионите, а се мачи и во домашната лига, Фалкао веројатно решил да си ја побара среќата на друго место.

Монако не бара оштета за Фалкао, но ќе треба да се реши што ќе се прави со платата на фудбалерот кој има договор за уште една и пол сезона, а треба да се договори и колкава плата ќе зема во Галатасарај.

Откако од Галата си замина Гомис, клубот бара квалитетен голгетер, а се чини дека Фалкао би бил премија. Клубот се бори за титулата, има шест бода помалку од лидерот Башакшехир и трката ќе биде интересна. Башакхешир го ангажираше Бразилецот Робињо.

- Оглас -

Најнови вести