Бомбастични тикети „експлодираа“ во Кичево: Со 200 денари уплата, до добивка од речиси 2 МИЛИОНИ!

Во објектот Кичево 4 на Sport Life во овој град во западниот дел на Македонија, еден прогнозер вечно ќе го памети 26 октомври 2021 година бидејќи има два исти добитни тикети кои му носат фантастична вкупна добивка од речиси 2 милиони денари.

Овој прогнозер двапати уплатил по 100 денари на два тикети со истите четири пара и секој тикет посебно му носи добивка по 982.905 денари.

За мечот од египетското првенство Ел Гоунах – Керамика Клеопатра играл 2-Х. Квотата за оваа игра е 17.25. Гостите водеа со 1-0 по првото полувреме, на крај беше 1-1.

На тикет има и меч од мароканската лига, помеѓу Хурибга и Рапиде Уед Зем. Тука е типувано 1-Х, квотата е 18.50. Домашните водеа по првиот дел, а средбата заврши 1-1.

Потоа следува меч од Турција помеѓу Самсунспор и Коњаспор. Тука е играно 1 & Т1, а за разлика од другите мечеви, тука квотата е „нормална“ и изнесува 1.60. Самсунспор даде два гола, од кои вториот во 87-мата минута.

Прогнозерот од Кичево типуваше 2-Х (квота 19.25) на мечот од купот на Словачка помеѓу Подбрезова и Трнава. На оваа средба, гостите водеа со 2-0 само по 9 минути игра, а изедначувањето на 2-2 дојде во 82-рата минута.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести