Бомбата на Кимих доволна за пласман на Баерн во полуфиналето (видео)

Баерн Минхен го продолжува походот кон одбрана на трофејот во Купот на Германија откако вечерва со минимални 1-0 го доби дербито против Шалке. Баварците дојдоа на чекор поблиску до рекордната 20-та куп-титула, а за пласманот понатаму беше доволна „бомбата“ на Кимих во 40-тата минута.

Инаку, претходно денеска се случи историја во германскиот Куп со пласманот на четвртолигашот Сарбрикен во драматичната пенал-серија елиминирајќи го тимот на Фортуна од Дизелдорф.

https://twitter.com/viaVide97582167/status/1234939065826521089

- Оглас -

Најнови вести